Вести Македонија

Полицијата изврши претрес во Академијата за судии и јавни обвинители, конфискувани мобилни телефони и досиеја на избрани судии

Одземени два телефони на вработено лице во Академијата за судии и јавни обвинители при вчерашниот полициски претрес, имало индикативна комуникација во мобилниот на притворениот врховен судија Наќе Ѓеоргиев.

Истражителите дошле до сознанија дека ова вработено лице е поврзано со уапсениот врховен судија, кој е во притвор за земање мито за влијание врз судии за да помогне во постапка за обвинет.

Истражителите сепак не се интересирале само за телефоните на вработениот, туку вршеле преглед и врз документацијата за седмата, осмата и деветтата генерациија на слушатели чие школување е во тек.

Неофицијално се истражуваат и анонимни пријави за земање мито за упис на кандидати за слушатели за судии и обвинители.

Истражните органи се интересирале и за системот за тестирање ИНВОКА на Драги Рашковски, за кој по неговото апсење Академијата за судии експресно го раскина договорот со фирмата, па оттаму истражителите биле упатени дека тој е запленет во доказните материјали кои се наоѓаат во судот, во предметот „Рашковски“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Обвинителството да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ

Дејан Дејан

Три лица загинаа, над 50 се повредени – пожар во болница во Хамбург

Дејан Дејан

Седум загинати, 69 повредени – урнати два моста во руски региони кои се граничат со Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе