Вести Економија Топ вести

Ребаланс на буџет – затекнат хаос или Франкенштајн економија

За опозицијата, ребалансот на новата влада е опасен за иднината на државата, за власта со прекројувањето на државната каса се крателе несуштинските трошоци од нивните претходници. Почна расправата за ребалансот во Собранието. Пратеникот од СДСМ, Битиќи рече дека е загрижен за тоа како новата Влада го скрои буџетот за годинава. Вели, со него се прави директен удар и врз домашната економија и врз јавниот долг.

Министерката за финансии Кочоска, пак, која речиси еден час го презентираше ребалансот пред пратениците тврди дека со оглед на тоа што го затекнале, успеале да најдат пари за да се покријат сите законски обврски за кои не биле предвидени средства.

Преголемо е трошењето, од фискалниот совет се загрижени за висината на расходите. Велат мора да се намалат за да не се доведеме во лоша ситуација.

Со реакција излезе и првиот човек на Јавното обвинителство Коцевски, но и од судско буџетскиот совет. Велат со тоа што им се скратени пари во прашање е доведено функционирањето на судовите и обвинителствата.

Инаку, со ребалансот владата планира да потроши речиси 5,9 милијарди евра, а да собере 5,2 милијарди евра.

Буџетскиот дефицит се зголемува, но и јавниот долг ќе порасне на загрижувачки 68, 2 отсто од БДП. Инфлацијата се очекува да биде 3, 5 проценти, а растот скромни 2,1 отсто. Кај некои министерства и институции се крати, а некој добиваат повеќе пари.

Ребалансот на буџетот треба да биде изгласан во собранието најдоцна до првата недела од август.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе