Вести Свет Топ вести

Висок ризик од ширење на полио вирус во Газа и надвор од енклавата – СЗО со предупредување

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека постои висок ризик од ширење на полио вирус во Појасот Газа и надвор од нејзините граници поради тешката здравствена и санитарна состојба во разорената палестинска енклава.

Ајадил Сапарбеков, лидер на тимот за итни здравстени ситуации во СЗО, пред новинарите во Женева, преку линк од Ерусалим, изјави дека полио вирус тип 2 е изолиран во отпадните води во Газа, пренесуваат израелските медиуми.

Тој најави дека вработени во СЗО и Детскиот фонд при Обединетите Нации (ОН), УНИЦЕФ ќе пристигнат утре во Газа да земат примероци од човечка столица во рамки на проценките за ризик поврзан со откривање на вирусот.

Се очекува проценката да биде завршена кон крајот на оваа недела и ќе овозможи на официјалните здравстени лица да дадат препораки, вклучително и „потреба за масовна кампања за вакцинација“, како и видот на вакцини кои би требале да се користат, но и која возрасна категорија на луѓе е потребно да се вакцинира.

На почетокот на оваа недела, израелската војска соопшти дека почнала програма за вакцинација на војници кои дејствуваат во Газа, меѓутоа и дека настојува да овозможи влез на вакцини во енклавата.

Покрај тоа е нагласено оти нема докази за епидемија на полиомиелитис меѓу жителите на Газа, дека високата концентрација на полио вирус во отпадните води укажуваат на активна болест, но оти тоа не значи дека ќе избие пандемија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе