Вести Свет

Триесет членови, 24 министерства и седум потпретседатедели – Црна Гора има нова влада

Пратениците во црногорскиот парламент денеска го поддржаа новиот состав на црногорската влада на премиерот Милојко Спаиќ, во која пет министерски места отидоа на бошњачката партија и три на просрпската коалиција „За иднината на Црна Гора“.

Реконструираната влада на Спаиќ има премиер и 30 членови, 24 министерства и седум потпретседатели, од кои двајца во исто време се и министри.

Спајиќ во воведниот говор рече дека во парламентот постои „историско мнозинство“, што е гаранција дека Црна Гора ќе биде стабилна и оти земјата ќе може да се посвети на важни теми како што се интеграција, економија и социјална политика.

„Црна Гора денес е најпомирена во својата историја. Секоја жртва беше соодветна и ова мнозинство е гаранција за стабилност и успех. Стануваме пример за заеднички живот и работа во регионот“, рече црногорскиот премиер.

Спаиќ ја повика опозицијата да биде конструктивна, нагласувајќи дека следните три и пол години се клучни за евроинтеграциите на Црна Гора, но и за економските реформи.

Претседателот на опозициската Демократска партија на социјалистите, Данијел Живковиќ изјави дека реконструкцијата на Владата е обид да се спаси движењето Европа сега и самиот Спаиќ, кој според последните анкети има поддршка од 15 проценти.

„Цената на таа реконструкција е распродажба на националните интереси на Црна Гора“, рече Живковиќ и додаде дека е беспредметно да се зборува за обнова на Владата со Мандиќ и Милан Кнежевиќ.

„Тоа се луѓе кои тврдат дека Црна Гора не е држава“, рече Живковиќ.

Претставникот на Хрватската граѓанска иницијатива (ХГИ) Адријан Вуксановиќ изјави дека се што се случило во изминатата година потврдува дека неговата партија постапила правилно кога ја одбила понудата да се приклучи на владата на Спаиќ. Тој потсети дека извршната власт ги влошила односите со соседите.

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, коментирајќи ја реконструираната влада на Црна Гора, соопшти дека Црна Гора е жртва на најпримитивната политичка трговија и неодговорност што премиерот Милојко Спаиќ континуирано ја демонстрира во управувањето со државата.

„Откако на граѓаните им стана јасно дека идејата за промена е изневерена, пустошот на политичкиот живот и демократските процеси продолжува“, напиша Милатовиќ на Икс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе