Вести Свет Топ вести

Камала Харис ја обезбеди неопходната поддршка за кандидат за претседател на САД

Се гордеам што ја обезбедив потребната поддршка за да станам кандидат на нашата партија, мојата намера е да победам, рече Камала Харис, откако неа и припадна диригентската палка да ја води трката за Белата куќа. Истакна дека со нетрпение очекува набргу официјално да биде прифатена нејзината номинација. Од изборниот штаб на демократите  во Вилмингтон, Делавер, вети дека ќе ги обедини партијата и земјата. Додека таа му се заблагодаруваше, Бајден се вклучи преку видео врска.

  • Џо гледаш, го слушаш ли ова плескање? Можете ли да го видите?- Камала Харис, потпретседател на САД
  • Гледам. Гледам, рече Бајден.
  • Знаев, одговори таа.
  • Те сакаме, Џо!, извикуваат присутните
  • Ти си најдобра, дете, и се обрати Бајден на Харис.
  • И да бидеме многу јасни. Џо не е готов. Далеку од тоа. Тој знае дека има уште многу работа. И нашата нација ќе продолжи да го фали неговото смело и визионерско лидерство како претседател. Ви благодарам, Џо, рече Камала Харис.
  • Ви благодарам.

Потпретседателката Камала Харис сега има доволно делегати што и се потребни за да ја обезбеди номинацијата за претседател. Таа истакна и дека нејзината цел е да го порази републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Анкетата на Ашошиетет прес покажа дека Харис може да има поддршка од 2.538 делегати, што е многу повеќе од потребните 1.976 за победа на делегатското гласање следната недела.

  • Има околу 3.900 делегати кои имаат право да гласаат во првиот круг на конвенцијата за демократски кандидат. И сега го имаме потпретседателот Харис со поддршка на повеќе од половина од тие делегати. Магичната бројка што требаше да ја достигне за да има мнозинство беше 1.976 делегати. Таа сега ја помина таа граница- Роберт Јун, Асошиетед прес.

Харис брзо се насочи на темите што ќе и бидат во фокусот на нејзината кампања против Трамп во наредните 100 дена, претставувајќи се себеси како бранител на економските можности и пристапот до абортус.

Републиканскиот кандидат за потпретседател Џеј-Ди Венс на предизборен митинг ги повика директно демократските гласачи да ја напуштат својата партија. Ја обвини Камала Харис дека лажела за менталниот капацитет на Бајден за да биде претседател.

  • Таа е учесник во секој еден од неуспесите на Џо Бајден и лажеше за неговиот ментален капацитет да работи како претседател. Нашата земја три и пол години е опседната со претседател кој не може да ја заврши работата и сето тоа е затоа што Камала Харис и останатите демократи лажеа за неговата способност да биде наш претседател, рече Џеј-Ди Венс, републикански кандидат за потпретседател.

Бајден вети дека ќе остане на функцијата до истекот на мандатот на 20 јануари 2025 година.. Доколку биде избрана, Харис ќе биде првата жена и прва личност со јужноазиско потекло што ќе ја извршува функцијата претседател..

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе