„Првично она што се гледа е дека ВМРО-ДПМНЕ не предвидува зголемување на минималната плата, нема мерки и политики за зголемување на платите по сектори а најавува зголемување на задолжувањето“, рече Борче Цветковски, пратеник на СДСМ.
- Тоа не е добро, стандардот на граѓаните и на работниците треба да се зголемува а не да се загрозува. Гледаме дека ВМРО-ДПМНЕ од прв ден бара алиби и се правда дека немало пари во буџетот. Има пари за се. Секако СДСМ детално ќе го анализира и ќе дадеме свои забелешки, вели тој одговарајќи на новинарско прашање.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.