Вести Македонија Топ вести

Со дигитализирани и поврзани институции има поефикасна борба против корупцијата и подобри услуги кон граѓаните

Електронски документи наместо старите папки со хартија.  Дигиталната инфраструктура и поврзувањето не се само предуслов за управување со јавните ресурси и финансии туку и клучен фактор за економска стабилност и напредок а степенот на отпорност кон надворешни влијанија и кризи е правопропорционален со степенот на дигитализација на државата. Ова се дел од заклучоците на денешната конференција на која се дебатираше за предностите на централизиран дигитален систем во државната администрација.

Со дигитализацијата и поврзување на државните институции може да се спроведе ефикасна борба против корупцијата, смета министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Приоритет на Владата е што повеќе институции да се приклучат на платформата за интероперабилност кој во моментов не се користи доволно.

УЈП ќе ги автоматизира и дигитализира процесите за да може поефикасно да ги собира даноците и да открие евентуално затајување.

Обучен кадар во државата има, но има и конкуренција на пазарот па затоа државата мора да вложува за да го искористи нивниот потенцијал но и да создаде нов.

Централизиран дигитален систем ќе биде од исклучителна корист за граѓаните кои ќе имаат полесен пристап до услугите на државната администрација, заклучија експертите на конференцијата.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агенцијата „Рубикон“ е затворена по пожарот во „Пулс“

Дејан Дејан

(Видео) Кос: Историски момент за обединување на Европа преку проширување, реформите се тешки, но неопходни

Дејан Дејан

Османи ги изнесе Адеми и Бектеши на кафе во Скопска Чаршија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе