Вести Македонија Топ вести

Јавните служби и установи, УЈП и извршителите, најголема главоболка за граѓаните

2802 претставки од граѓани се поднесени до Народниот правобранител.

Најмногу од нив-1100 се за повреди на правата од страна на јавните служби и установи. 721 се за повреда од страна на владата, 331 од општините, а останатите од правните служби и останатите институции.

Извештајот за минатата година покажува дека, во областа работни односи остануваат истите проблеми со исплата на плати и изборот на кандидати по распишан јавен оглас.

Повторно се тука и високите фактури за електрична и топлинска енергија како и за потрошена вода, нередовното отчитување на мерните уреди и паушалниот начин на задолжување на граѓаните. Граѓани и по 20 години се заглавени во процесот на денационализација, затворениците казните ги издржуваат во нехумани услови, спијат на подовите по ходниците, а нехигиената „царува“ во речиси сите затвори.

УЈП, Град Скопје и општините во постапките за присилна наплата незаконски ги блокираат трансакциските сметки во банките.

Извршителите и понатаму си тераат по свое и покрај донесениот закон со кој требаше да престанат главоболките на граѓаните.

Во извештајот нема позитивни вести ни за граѓаните кои водат постапки пред управните судови, се` уште и по 20 години  талкаат на релација  Управен суд – Виш управен суд. Тешко оди и остварувањето на  правата на социјална заштита, но и на образование, со недостигот на учебници. Децата кои питачат се надвор од образовниот систем, а се` поголем е и проблемот со меѓуврсничкото насилство.Заклучокот е дека, еден од најголемите виновници за поголемиот дел на проблеми се административните процедури.

На седницата на комисијата, на која се разгледуваше извештајот на Народниот правобранител за минатата година, не присуствуваа пратениците од опозицијата.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе