Вести Свет

Сенаторот од Охајо, Џеј Ди Венс ќе биде кандидатот за потпретседател на Трамп

Поранешниот претседател Доналд Трамп денеска на конвенција на Републиканската партија формално беше назначен за претседателски кандидат од оваа партија. Трамп потоа го објави името на својот потпретседател кој влегува со него во трката за освојување на Белата куќа на изборите закажани за во ноември.

Изборот на Трамп падна за сенаторот од Охајо Џеј Ди Ванс, кој ќе стане негов потпретседател ако двајцата победат на изборите. До крајот на месецов се очекува и демократите формалано да назначат свој кандидат, кој најверојетно ќе биде актуелниот претседател Џо Бајден.

По долги разговори и размислување и со оглед на огромните таленти на многумина други, одлучив дека најдобрата личност која може да ја презеде функцијата потпретседател на Соединетите Држави е сенаторот Џеј Ди Ванс од Големата држава Охајо, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“.

Со ова, заврши неизвесноста околу тоа кој ќе бде ангажиран како потпретседал на Трамп. Ако тој победи на изборите, Ванс (40) ќе биде еден од најмладите потпретседатели во историјата и тоа со само две години искуство на избран службеник. Тој се смета за фигура бласка на стилот и на погледите на конзеравтивното и популистичко движење на Трамп.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе