Вести Македонија Најважни

Обвинение за групата Грчец за 15 килограми кокаин и за двојно убиство, водачот Муареми во бегство

Додека Шеваљ Муареми главниот бос на криминалната група Дуќанџик/Грчец е во бегство, обвинение заработија 5 нејзини членови, кои беа уапсени во јануари. Според соопштението, тројца од обвинетите како припадници на организирана меѓународна криминална група, заедно со други лица од кои дел се осомничени и се недостапни на органите на прогонот, дел се починати, а дел веќе осудени, заеднички делувале секој во својата улога во трговијата со кокаин.

„Во повеќе наврати во текот на 2020 година овие тројца обвинети биле инволвирани во неовластено купување на 15,005 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава“, соопшти Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. 

КОД неколку пати пишуваше за нарко групата, која според обвинението, делувала во периодот од 2019 година до март 2021 година и во повеќе наврати набавувала кокаин од  Јужна Америка, а потоа се пренесувала од Белгија, Албанија и Косово за продажба во земјава, а сето тоа го договарал Муареми кој засега е само осомничен, бидејќи се наоѓа во Дубаи.

Две лица се од петмината се обвинети дека биле дел од група која планирала и извршувала убиства, кои се договарале преку апликацијата „Sky“.

„Така, организаторите врз основа на претходни сознанија во кои биле цврсто убедени, дека едно лице наводно е учесник и предводник во престрелката во Хотел „Александар Палас“ во Скопје, каде со употреба на огнено оружје било пукано кон дел од членовите на групата, започнале да прават план за лишување од живот на лицето“, се додава во соопштението. 

По неколку неуспешни обиди, како што се наведува во соопштението, во март 2021 година употребувајќи светлосни сигнални уреди – флешери го запреле возилото во кое се превезувало лицето и го убиле него и уште едно лице. Тогаш во Топанско поле беа убиени лица на возраст од 24 и 28 години, кога беше пукано кон Цитроенот во кој се превезувале.

До Обединетите Арпаски Емирати беше испратено барање за екстрадиција на Муареми и неговиот соработник Мухамед Чајани. Од земјава заминале непосредно по ликвидацијата на Јетон Кривањева и Енес Исени во „Шиша бар“ во скопската Стара чаршија, кои заедно со Муареми беа лидери на групата.

Екстрадиција е побарана и за Дритон Ибиши, кој  е во Каталонија, во притвор за друго кривично дело, како и за заменикот на Шеваљ кој раководел со групата во земјава, Мухамед Далипи викан Руди, кој е во Хрватска.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одмазнички напади на Иран врз Израел, повредени најмалку пет лица

Дејан Дејан

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе