Водата од неодамна им се придружи на златото, нафтата и на другите ресурси и минерали со кои се тргува на берзата во САД.
Аналитичарите во светот пишуваат дека токму со овој чин се покажува колку водата како ресурс е вредна, дека ќе нараснува нејзината вредност и всушност колку како ресурс е ограничена.
Аналитичарите велат дека и сега снабдувањето со вода е голем проблем за две милијарди луѓе, а во следните години би можело да стане проблем за две третини од светската популација.
Иако две третини од земјата се покриени под вода питка е само 2,5 отсто од кои поголемиот дел е замрзната во глечерите.
Четири милијарди луѓе би можеле да се соочат со сериозен недостиг од вода во период од најмалку еден месец секоја година, се вели во дел од досегашните студии на оваа проблематика.