Најжестокото руско бомбардирање на украинскиот главен град во последните четири месеци сериозно ја оштети детската болница Охматдит, тероризирајќи ги семејствата и сериозно влијаејќи на нивните деца кои веќе се борат со болести опасни по живот.
Некои семејства се соочуваат со дилема каде да го продолжат лекувањето на своите деца бидејќи другите болници во градот кои примаа деца на лекување се соочија со пренатрупаност по затворањето на Охматдит, каде што стотина деца се лекуваа во моментот на нападот.
Украинците и приватните бизниси прават напори да се обезбедат средства за обнова на болницата додека лекарите ги балансираат своите должности за лекување на нивните млади пациенти евакуирани пред објектот да биде мета на рускиот ракетен напад.
Стармер: Украина одлучува каде „ќе удри“ со британските ракетите
Новиот британски премиер сигнализираше дека Украина може да ги користи британските ракети „Storm Shadow“ за да нападне цели по нејзин избор.
Ваквата изјава доаѓа како одговор на прашање на новинар на Блумберг за време на неговото патување на самитот на НАТО во Вашингтон.
Според него, „проектилите треба да се користат во согласност со меѓународното хуманитарно право но одлуката е на Украина како да ги користи за своите одбранбени цели“, рече тој.
Коментирајќи го рускиот напад врз детската болница Охматдит во Киев, Стармер изјави дека тоа е „апсолутно шокантен, ужасен напад“ што обезбеди „многу важна, иако трагична, позадина на овој самит“.