Вести Свет Топ вести

Ги чекаме тие Ф-16, како што ме чекаше мајка ми од училиште – Зеленски со порака со западните лидери

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека борбените авиони Ф-16, ветени од меѓународните партнери, ќе пристигнат во Киев веќе ова лето. На неговата земја, како што истакна, и требаат најмалку 128 такви авиони.

„Знаете, тоа е како да кажете дека има силна одлука да им се дадат Ф-16 на Украинците… Но колку? – Знаете, ние секогаш чекаме. Како што мајка ми ме чекаше после училиште, а јас секогаш наоѓав причина зошто доцнам. Ова е исто, но многу посериозно“, истакна Зеленски.

Тој изрази надеж дека Ф-16 ќе пристигнат ова лето. Тој нагласи дека Русија користи 300 авиони секој ден во војната против Украина, додека партнерите се одлучиле за 10, 20 авиони.

„И да ги има 50, не е ништо. Имаат 300. Ние се браниме, ни требаат 128 авиони. Додека немаме такви авиони, нема да можеме да им парираме на небото, ќе биде тешко“, додаде шефот на државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе