Активен пожарот меѓу селата Караслари и Црквино над месноста Венуле.
Во ппределот гори сува трева и шума информира центарот за управување со кризи од каде додаваат и дека во негово гасење побарана е и воздушна поддршка од страна на општина Велес.
Според информациите на терен интервенираат четворица пожарникари со едно противпожарно возило, а известени се и од Јавното претпријатие „Македонски шуми, Бабуна“.
Според информациите на ЦУК вработените од ова претпријатие не излегле на терен бидејќи возилата не биле исправни и регистрирани.
Од вчера на територија на Велес активен е уште еден пожар меѓу селата Отиштино и Оризари што го гаснат четворица пожарникари со едно противпожарно возило.