Вести Македонија Најважни

Каевски, Мојсоски и Димески не се чувствуваат виновни – почна судењето за спортските ваучери

Екс директорот на Агенцијата за Млади и спорт (АМС), Дарко Каевски, неговиот наследник Наумче Мојсоски, претседателот на МОК, Даниел Димевски и уште девет други обвинети за злоупотреби со спортските ваучери се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Нивните адвокати ќе го побиваат обвинението со докази и сведоци, а најавуват и сопствени вештачења наспроти обвинителството.

Во воведен говор и обвинителката Лидија Раичевиќ ја презентираше својата стратегија со која ќе го гради случајот.

Обвинението ќе го докажува со материјални докази, над 25 сведоци и со вештачење според кое штетата на буџетот е над пет милиони евра.

Бара од одбраната да се изјасни во кое својство ги предлага дел од сведоците.

Обвинетите и адвокатите очекувале денеска да слушнат на кои докази и аргументи се темели обвинението против нив.

Според одбраната, централната комисја не можела да прави злсоупотреби, затоа што немале овластувања, ниту да бодуваат пријавените, ниту да ги распределуваат ваучерите.

Обвинителката најави дека ќе ги презентира доказите на следното рочиште закажано на 19 септември.

До тогаш ќе имаат можност да направат увид и дел обвинети кои до сега немале можност.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе