Вести Македонија Топ вести

Полнат шишиња за пиење и кофи за тоалет – дел од битолчани жедни покрај вода, чешмите со намален притисок навечер

Дел од битолчани, деновиве на екстремно високи температури, останаа жедни покрај вода. Со намален притисок во вечерните часови, се соочуваат жителите во зградите во централното градско подрачје и во повисоките зони од градот, а целосно без вода и по неколку часа навечер остануваат станарите од високите катови. Граѓаните се прашуваат зошто Битола се соочува со ваков проблем покрај издашните пелистерски извори и вештачката акумулација „Стрежево“ од каде градот, индустријата и земјоделците речиси половина век се снабдуваат со вода.

„Има проблем, се намалува притисокот и собираме вода за пиење и зa тоалет. Мора да има вода, ако нема во чешмата, мора да купиш“, велат битолчани.

Советниците од Левица на денешната седница го отворија прашањето и за недостигот на вода на овие летни жеги во неколку битолски села во Потпелистерието и изразија сомнеж дека станува збор за дефект

„Неколку села се отсечени од водоснабдувањето, Братиндол, Нижеполе, Дихово, Цапари, на жителите директорот на Водовод им рекол дека има суша, но  според наши информации прегорени се две пумпи на Водовод“, рече Горан Велевски, советник од Левица.

Од ЈП „Стрежево“ велат дека акумулацијата има доволно вода и до Водовод испорачуваат максимални количини за снабдување на Битола, според потребите за снабдување на РЕК, индустријата и земјоделците. Но, не знаат зошто Водовод се соочува со проблеми.

„Вода за граѓаните преку ЈП „Водовод“ испорачуваме со максимални количини, а зошто нема кај нив, не можам да кажам“, вели Менде Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“ Битола.

Директорот на ЈП „Водовод“ од Битола, Андреј Гинов не потврдува дека станува збор за дефект, туку вели причината е зголемената потрошувачка и нерационално користење на водата, поради што многу брзо се празнат резервоарите со вода во градот и уверува дека состoјбата ќе се надмине од утре.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдени уште 10 загинати, вкупно 76 жртви во пожарот во хотел во Турција, приведени девет лица – утре Ден на жалост во земјата

Дејан Дејан

Први реакции по извршните наредби на Трамп- мигрантите, екологистите, здравствените и економските власти се загрижени

Дејан Дејан

Приведени четири лица за пожарот во хотелот во кој загинаа 66 луѓе – Ден на жалост утре во Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе