Вести Свет Топ вести

Победа на крајната десница или политичка криза во Франција по утрешните избори

По одличниот резултат кој го остварија на првиот круг на изборите во Франција, ултра десничарскиот Национален фронт и кој им ги зголеми апетитите дека имаат шанса да освојат апсолутно мнозинство во парламентот, последните анкети им предвидуваат значително помал број пратеници.

Малку повеќе од 33 проценти од гласачите се одлучија за партијата на Ле Пен во првиот круг на 30 јули, но пред вториот круг се чини дека многумина ќе се воздржат од гласање за Националниот фронт.

Се чини дека во првиот круг Французите сакаа да го казнат претседателот Макрон, но пред вториот круг изгледа како да се исплашија од својата храброст и не сакаат да ја дадат власта на екстремната десница, и ќе се потрудат да не освојат владејачко мнозинство, а дури и да имаат, тоа да биде тенко мнозинство, оценува политичкиот аналитиачр доминик моиси.

Помеѓу двата круга 217 кандидати се повлекоа од изборите со цел да им дадат поголеми шанси да противкандидатите на Националниот фронт.

Второпласираната коалиција Нов Народен фронт на екстремната левица, која освои 28 проценти, и алијансата Заедно на претседателот Макрон, која доби 20 проценти од гласовите, постигнаа договор за да ги блокираат крајнодесничарите од освојување апсолутно мнозинство и формирање на првата есктремно десничарска влада во Франција по режимот на Виши во Втората светска војна.

Но, оваа изборна соработка ризикува да резултира со блокиран парламент и политичка криза во земјата, затоа што ниту една партија нема да има јасно мнозинство, а во наредните 12 месеци, според законот, не можат да бидат распишани нови избори.

Коалициските влади не се француска традиција. Тие се решение во повеќето европски земји, од Германија до Холандија и нордиските земји, но во нашиот случај, ние имаме кохабитација, претседател од една политичка опција и премиер од друга, рефлектирано во мнозинството во парламентот, односно техничка влада, вели моиси.

Дека земјата може да биде блокирана предупреди и лидерката на Националниот фронт Марин Ле Пен. Затоа, таа ги повика Французите да ѝ ја дадат поддршката на нејзината партија, за Франција да не потроши уште цела една година пропаѓајќи подлабоко во сопствените проблеми.

Од моментот кога ќе биде јасно дека ниту една партија нема да има апсолутно мнозинство, а ние сме единствените кои можат да го освојат, нема да се усвојуваат закони. Токму затоа зборувам за ќорсокак. Цела година, бидејќи парламентот не може да биде распуштен во текот на наредната година, значи цела година државата ќе биде блокирана во најлошиот можен период. Најлошиот, затоа што тогаш ќе почнат да пристигнуваат сметките, сите сметки за претходните грешки, и тогаш Французите најмногу ќе страдаат, изјави вчера ле пен.

Она што во моментов најмногу ги плаши Французите не е можноста следната влада да биде предводена од екстремисти од двата краја на политичкиот спектар, туку опасноста од избивање улично насилство по изборите. Кампањата беше жестока и ја одбележаа бројни инциденти на насилство, а поларизацијата се заканува дека ќе кулиминира по изборите, кои претседателот Маркон немаше потреба да ги распишува.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе