Вести Свет Топ вести

Реална шанса за постигнување договор за ослободување на заложниците, тврди израелски преговарач

Постои „реална шанса“ да се постигне договор со Хамас за ослободување на заложниците што групата ги држи во Појасот Газа од 7 октомври, вели член од израелскиот преговарачки тим, откако израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, одлучи да испрати делегација на нова рунда преговори.

Предлогот што го изнесе Хамас вклучува многу значаен напредок, рече изворот, откако палестинската милитантна група преку посредник му испрати на Израел ревидиран нацрт-договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа.

Нетанјаху вчера свика состанок на кабинетот за национална безбедност за да се утврди позицијата на Израел во индиректните разговори, кои се очекува да започнат во наредните денови.

Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, истовремено, на семејствата на заложниците кои ги држи Хамас им соопшти дека Израел е „поблиску од кога било“ до постигнување договор за нивно ослободување.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе