Вести Свет Топ вести

Конзервативците на Сунак пред најтешкиот пораз во историјата – Британија утре гласа на вонредни парламентарни избори

Лабуристичка партија е пред убедлива победа на утрешните избори во Велика Британија, покажуваат последните анкети. Според нив, владеачките конзервативци ќе заминат во опозиција по 14 години власт. Истражувањата на јавното мислење на Островот упатуваат дека лабуристите ќе освојат апсолутно мнозинство во долниот дом на парламентот, а нивниот лидер Кир Стармер, поранешен главен обвинител за Англија и Велс, ќе биде новиот британски премиер. Нивната кампања се сведе на само еден збор – „Промена“.

Аналитичарите сметаат дека конзервативци ќе бидат казнети за неисполнетите ветувања за време на 14-годишното владеење под пет премиери. Така не мисли премиерот Риши Сунак, поранешен министер за финансии и прв хиндуист на чело на владата. Тој пред шест недели ги изненади и своите пратеници и експертската јавност со распишување на изборите на 4 јули. Потегот на премиерот, за нив, е коцкање во летниот период, иако тие очекуваа соочување со волјата на електоратот наесен. Сунак, пак, игра на картата дека ги убедил гласачите оти економските политики почнуваат да функционираат.

Конзервативците ја преземаа власта од лабуристите во 2010 година. Оттогаш победуваа на сите избори, предводени од Дејвид Камерон во 2015 година, Тереза Меј во 2017 година и Борис Џонсон во 2019 година. Овојпат, според анкетите, ќе освојат само 64 мандати од вкупно 655 во парламентот што е најмал број од формирање на партијата во 1834 година. Посебен проблем за нив сега претставува новата десничарска партија „Реформисти Обединето Кралство“ на Најџел Фараж кој ги презема гласачите на ториевците со критики на сметка на конзервативците поради неуспех во контролата на имиграцијата.

Покрај имиграцијата, Конзервативците се соочија за низа предизвици во изминатите 14 години. Први беа последиците од глобалната финансиска криза која го зголеми британскиот долг и принуди стегање на ременот за рамнотежа на буџетот. Потоа следуваше Брегзит и борбата со Ковид-19 за да кулминира со раст на инфлацијата по рускиот напад врз Украина.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе