Вашингтон ја воведе Украина во катастрофа, раскажувајќи му бајки на тамошното раководство дека ќе влезе во НАТО и ќе живее среќно до крајот на животот. Но, сето тоа беше голема илузија што ја создадоа САД за промоција на сопствената агресивна надворешна политика, рече американскиот економист Џефри Сакс во интервју за „Jugding Freedom“.
Одговарајќи на прашање „која земја е најголем непријател на Украина – Русија или Америка“, Сакс ги посочи САД.
„Затоа што САД, со слатки говори, ја доведоа Украина до катастрофа. Неодамна пишував дека украинското раководство го нахранивме со бајки дека ќе влезе во НАТО и ќе живее среќно до крајот на животот. Тоа беше голема илузија што и ја претставивме на Украина и тоа не заради Украина, туку заради агресивната надворешна политика на САД позната како неоконзервативизам“, истакна Сакс и додаде:
„Идејата од 1990-тите па наваму беше САД да воспостават униполарен свет и своја доминација, хегемонија и превласт во него, а тоа делумно би било направено со ширење на американско воено присуство во сите региони на планетата, вклучувајќи опколување и можна фрагментација на Русија. А, Украина беше важен дел од таа стратегија која датира уште од 1992 година, врз идеја на Ричард Чејни, тогашен министер за одбрана кој во 2001 година стана потпретседател на САД“.
Друг елемент на таквиот неоконзервативен план, како што истакна Сакс, бил и рушење на влади кои не им се допаѓале на САД. Тука, вели, тој, спаѓаат и самоинформативните војни во Ирак, во Сирија и во Либија, како и државниот удар во Украина во 2014 година во кој САД активно учествуваа.
„Значи, на Украина и раскажавме бајка и украинските лидери поверуваа во неа. Морам да кажам, постојано го повторувам тоа, иако тоа сигурно не сакаат да го слушнат од мене, дека се движиме кон претворање на Украина во европски Авганистан“, рече Џефри Сакс.