Вести Свет Топ вести

Ле Пен: Сакаме да владееме, нема да влеземе во влада, без апсолутно мнозинство во собранието

Лидерката на француската опозиција, Мари ле Пен изјави дека нејзината партија нема да формира влада без апсолутно мнозинство во парламентот. Според неа, би било најголемо предавство кон гласачите, доколку не можат да ја променат политиката која се спроведува и ако не можат да делуваат. Ле Пен рече дека францускиот претседател Макрон се обидува да се спротивстави на демократскиот процес во земјата и со сите средства настојува да спречи доаѓање на нејзината партија на власт.

Екстремно десничарскиот „Национален собир“ победи во првиот круг на вонредните парламентарни избори во неделата, со голема разлика во однос на коалицијата на Макрон која заврши на третото место по бројот на освоени гласови. Ле Пен, исто така, најави дека нема да биде дел од владата, ниту, пак, ќе биде на чело на собранието, туку ќе ја води пратеничката група. И кандидатот за премиер од нејзината партија, Џордан Бардела, пред првиот круг на гласање најави дека нема да влезе во владата, доколку „Национален собир“ нема апсолутно мнозинство во парламентот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе