Вести Македонија

Голем фан којшто Ричард Гир го препозна во ликот на евроамбасадорот Дејвид Фир, министерот за евро-интеграции за својот гаф

-Ова се случува кога си обожавател на познатиот актер Ричард Гир, напиша министерот за европски прашања Орхан Муртезани на „Фејсбук“ откако вчера по средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир во изјава за медиумите направи гаф и рече дека имал успешна средба со амбасадорот на европската делегација Ричард Гир.

Муртезани така преку пост на социјалните мрежи го оправда својот гаф по средбата на која го уверил евроамбасадорот дека земјата останува посветена на европската агенда, а како што посочи, тоа се потврдува и со Програмата на Владата.

Евроамбасадорот пак повтори дека нема да има менување на преговарачката рамка за Македонија во пристапните договори со ЕУ.

Во продолжение и видеото од гафот на министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој всушност е прв министер во новооформеното министерство откако новата влада и новиот состав на Собранието изгласаа „унапредување“ на досегашниот сектор за евроинтеграции (со вицепремиер) во посебно Министерство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Последните денови во фотелјата ги одбројуваат 22-ца економски директори со мандат – по законските измени тие не можат да тужат

Desk

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Дејан Дејан

Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе