Вести Свет Топ вести

Зеленски: Украина изгуби 80 отсто од капацитетот на термоелектраните и една третина од хидроелектраните

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека поради руските напади, неговата земја изгубила околу 80 отсто од капацитетот на енергија од термоелектраните и една третина од енергијата од хидроелектраните.

„Затоа постојано ги потсетуваме сите наши партнери: само доволен број висококвалитетни ПВО системи и само доволна решителност на светот во целина може да го запре рускиот терор“, рече Зеленски.

Киев, исто така, возврати на Русија со свои воздушни напади, често насочени кон енергетската инфраструктура.

Најмалку едно лице загина, а 12 се повредени во Днепар, откако руските удари синоќа ги уништија горните четири ката на станбена зграда, изјави регионалниот шеф Сергиј Лисак.

Нападите се случија додека Русија се обидува да ги исцрпи украинските ресурси, често гаѓајќи енергетски објекти и друга витална инфраструктура.

Лисак рече дека нападот во Днепар покажува дека на Украина ѝ се потребни повеќе противвоздушни одбранбени системи. Украинските воздушни сили соопштија во саботата дека за време на ноќта собориле 10 руски дронови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нека каже ВМРО-ДПМНЕ што за нив е национален интерес, ние сме подготвени да разговараме за сѐ, порача Филипче

Дејан Дејан

Филипче: Најсложената операција ќе биде реформа на менталитетот во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Обвинувањата за нелегитимноста на процесот се некоректни и навреда за членовите на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе