Вести Македонија Топ вести

Рустеми контра Николоски: Неосновани и неточни тврдењата за изградба на автопатите

Неточни и неосновани и со впечатлива политичка позадина, вака директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми ги отфрли тврдењата на новиот министер за транспорт и врски Александар Николоски  по наодите на Државниот завод за ревизија.  Николоски вчера побара обвинителството да ја истражи работата на претпријатието бидејќи не само што доцни изградбата на автопатот Кичево Охрид, туку и нема одговори зошто сумата скокнала за 170 милиони евра, како и за автопатот кон Блаце кој не е започнат и за кој се планира километар да чини 20 милиони евра.

Во соопштение до јавноста Рустеми образложува дека вредноста на автопатот Кичево Охрид е зголемена преку носење на закон, а за автопатот до границата со Косово вредноста била зголемена од страна на независна консултантска куќа избрана од меѓународните кредитори.

„Јас, како директор, и ЈПДП, стоиме на располагање на сите надлежни институции за секаков вид на проверки и ревизии на нашето работење, за уште еднаш да се потврди законското работење преку реализација на Годишните програми за работа во изминатиот период за што сведочат и резултатите на претпријатието“, наведува Рустеми. 

Николоски рече и дека иако претходните власти се фалеле дека патот Градско-Дреново е завршен во реалноста не е така. Рустеми се правда  дека за изградба на патот за кој се обезбедени пари од ИПА фондовите, Министерство за финансии  е “Договорен орган”, додека Министерството за транспорт и врски е “корисник“, а јавното претпријатие е крајниот корисник, кое како што наведува ги има извршено навремено сите обврски.

„Јавноста е запознаена дека во изминатиот период ЈПДП има реализирани рекордно ниво на капитални инвестиции во патната инфраструктура, сѐ со цел за подобрување на патната мрежа, на автопатското поврзување, на одржување и унапредување за безбедно одвивање на сообраќајот низ целата држава“, додава Рустеми. 

Рустеми во соопштението се фали и дека минатата година започнал со реализација и најголемиот инфраструктурен проект во историјата Коридор 8 и Коридор 10д. Николоски пак најави дека по смена на директорот на државни патишта договорот со Бехтел и Енка за изградба на коридорите ќе биде декласифициран.

За постигнување на договорот беше донесен специјален Закон, а ревизијата не можеше да ја потврди проценетата вредност од 1,3 милијарди евра и беше нотирано отстапување од планираната динамика за градба.

Марија Митевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Северномакедонци се сменети со Македонци – Албанија ја корегира грешката во пописните резултати

Дејан Дејан

Зеленски: Украина изгуби 80 отсто од капацитетот на термоелектраните и една третина од хидроелектраните

Дејан Дејан

Ја променил верата, од Милош станал Салахудин и се преселил во Нови Пазар – познат идентитетот на напаѓачот на полицаец пред амбасадата на Израел во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе