Вести Економија Македонија Топ вести

Поскапување од 0,4 отсто до 0,57 отсто во зависност од блокот – електричната енергија од 1 јули со нова цена

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ја информира јавноста дека универзалниот снабдувач ЕВН Хоум соодветно го применил тарифниот систем при изготувување на одлука за нови цени, распоредувајки ги трошоците по блокови на начин што цената на електричната енергија за 88% од домаќинствата кои се во прв и втор блок се зголемува за 0,4 %

„За 88% од домаќинствата кои се во прв и втор блок цената на електричната енергија има корекција од 0,4%. За оние потрошувачи кои се во трет блок, а тоа се околу осум проценти од домаќинствата  цената се зголемува за 0,48% и за четврт блок цената е зголемена за 0,57%. Клучно е сега универзалниот снабдувач да ја следи дадената регулаторна насока за оптимизирање на набавката на останатите 15 % за количини на електрична енергија што ЕСМ не ги понуди, и сега треба да се набават на слободен пазар . Треба да се бараат креативни решенија кои ќе бидат во интерес на граѓаните и да се размислува кон откуп на струја од домашните капацитети од обновливи извори. Неопходно е да има конкуренција и да се искористи моментумот кога цената на струја на берзите е поволна“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Новата цена на електрична енергија е на сила од 1 јули 2024 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе