Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ сè уште го нема соодветно евидентирано седиштето на партијата, СДСМ нема имотни листови за објектите во некои градови, членарината проблем кај ДУИ – извештај на ДЗР за политичките партии

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во конечниот ревизорски извештај за политичките партии, констатираше дека ВМРО-ДПМНЕ не ја спроведе препораката за соодветно евидентирање на објектот каде се наоѓа седиштето на партијата. Станува збор за случај од 2018 година, кога беше замрзнат имот поради спор, а институциите сè уште не се произнеле по жалбата на партија Ревизорите препорачуваат одговорните во ВМРО-ДПМНЕ, по завршување на постапката поведена пред надлежните органи, да преземат мерки и активности.

„Во текот на 2022 година донесена е пресуда од страна на надлежниот суд, по која е доставена жалба од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. До денот на известување од извршената ревизија, постапката сè уште не е завршена“, стои во извештајот на ДЗР. 

Партијата СДСМ, пак, не ги спровела препораката на ревизорите, односно во тек е запишување во катастар на некои објекти кои ги користат низ градовите, а ги наследиле од претходниот сопственик, поради што немаат имотни листови. Не ја спровеле и препораката за доуредување на начинот на прибирање на членарината.

„Воспоставениот начин на прибирање, уплата и известување за приходите по основ на членарина во СДСМ, кој продолжува и понатаму, не обезбедува целосен увид и потврдување во поединечно уплатените средства, по наведениот основ“, стои во извештајот на ДЗР. 

ДЗР открил дека во ДУИ има уплати за членарина поголеми од законски пропишаната. Иако за период од една година износот на секој член поединечно, не смее да биде повисок од една просечна нето плата, Ревизијата констатирала дека и во 2022 година дел од членовите уплатиле и за 250.000 денари над дозволенот. За Алтернатива, пак, ревизорите констатирале дека партијата презела мерки и активности за целосно спроведување на единствената препорака која им била дадена претходно.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе