Вести Македонија Топ вести

Уништен сиот труд на земјоделците во Тетово и Тетовско

Целосно уништени дел од земјоделските посеви од невремето во тетовско, а со тоа и сиот труд и вложени средства на земјоделците.

Поројниот дожд и градот не остави ништо на нивите, кои ги обработуваше Љубиша Јованоски од село Сиричино. Вели доцна е повторно да се засеат, а штетите се големи

Во општина Јегуновце, со невремето беа зафатени ниви во повеќе населени места, а најпогодено беше селото Сирично, каде има и големи штети по домовите.

Увид во штетите прават општинските комисии, а усвоените барања на Совет ќе се достават до Второстепена комисија.

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, вели дека земјоделците треба да ги осигуруваат своите имоти. Додека за конкретните штети висината на обештетуваето ќе се утврдува по изготвување на елаборатите.

Силното невреме во неделата попладне направи хаос во Тетово и околните села, при што имаше голем број поплавени улици, приватни објекти, но и згради на неколку институции.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе