Синдикатот на полиција во Македонија денеска до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Го обвинуваат дека незаконски дал отказ на вработен во МВР.
„Во момент на сторување на кривичното дело, министерот за внатрешни работи и Даница Чадиева актуелен претседател на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, заради сомнение за сторени кривични дела – „повреда на право од работен однос“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“, велат од синдикатот.