Вести Македонија Топ вести

ДЗР: СДСМ и ДУИ да ги регулираат уплатите за чланарина во партиите, ВМРО-ДПМНЕ да ја спроведе препораката за имотот

Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи од извршената ревизија на следење на препораките на политичките партии: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива.

Утврдено е дека СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не спровеле препораки, а Алтернатива спровела само една.

ДЗР открил дека во ДУИ имало уплати за чланарина во партијата поголеми од дозволениот износ.

„Износот на членарината за период од една година на секој член поединечно, не смее да биде повисок од една просечна исплатена нето плата во државата, потсетуваат ревизорите на пропишаното со Законот за финансирање на партии. Ревизијата констатирала дека и во 2022 година дел од членовите имаат уплатено средства во повисок износ за 250 илјади денари“, се вели во извештајот.

ВМРО-ДПМНЕ не ја спровел препораката за соодветно искажување на имот во Билансот на состојба.

Ревизорите препорачуваат одговорните лица на ВМРО – ДПМНЕ по завршување на постапката поведена пред надлежните органи, да преземат мерки и активности.

Утврдената состојба која се однесува на судската постапка од октомври 2018 година, со која на ВМРО – ДПМНЕ му се забранува дел од недвижниот имот, сопственост на партијата, да
го отуѓува, да го става под хипотека или да го дава под закуп, се до завршување на проценетата вредност, останува непроменета.

Истакнуваме дека во текот на 2022 година донесена е пресуда од страна на надлежниот суд, по која е доставена жалба од страна на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ. До денот на известување од извршената ревизија, постапката сеуште не е завршена“, стои во извештајот на ДЗР.

Од СДСМ не ја спровече препораката за донесување на акт за доуредување на начинот на прибирање, уплата и известување за поединечните иноси на средства по основ на членарина.

„Одговорното лице на партијата да преземе активности за донесување на акт за доуредување на начинот на прибирање, уплата и известување за поединечните износи на средства по основ од членарина, заради потврдување дека поединечните износи на членарина се во рамките на законски утврдениот лимит. Воспоставениот начин на прибирање, уплата и известување за приходите по основ на членарина во СДСМ, кој продолжува и понатаму, не обезбедува целосен увид и потврдување во поединечно уплатените средства, по наведениот основ“, стои во извештајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прва смена меѓу кадрите на претседателот – Силјановска го разреши Муслиу, директорот на Разузнавање тврди дека тргнала партиски, а не законски

Дејан Дејан

Секаде каде што мора, ќе го почитуваме уставното име, но никој не може да ви забрани да ја нарекувате државата како што сте учеле – Димитриевски во „Топ тема“

Дејан Дејан

Ме разреши без да се сретнеме на брифинг, попушти пред партиски притисоци наместо да работи по законска оправданост и мерит систем како што говореше, сментиот директор на Разузнавање за потегот на Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе