Вести Македонија Топ вести

Чибишев нов директор на Токсикологија, Меџити на Неврологија, утре со нов директор и Онкологија

Андон Чибишев е новиот директор на Клиниката за токсикологија, а утре ќе биде назначен нов директор на Клиниката за онкологија, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој беше во посета на Здравствениот дом Скопје од каде најави вработувања во здравството.

„Професор Чибишев ќе биде новиот директор на Токсикологија. Исто така се надевам дека утре ќе го назначиме и новиот директор на  Онкологија бидејќи таму решението за в.д. директорката е поминато кон средината на јуни. На Неврологија, нов директор е поранешниот министер за здравство д-р Фатмир Меџити“, изјави Таравари.

Министерот за здравство потврди дека се сменети организациските директори на девет клиники, меѓу кои и на Токсикологија. Потврди дека се пронајдени неправилности во работењето на економската директорка Бесија Иљази на Токсикологија.

„Најверојатно да, службите го имаат тоа. Секако дека ние одлучивме веднаш да се разреши и да се назначи нов директор. Нема веќе да има економски директори, тоа е целта“, рече Таравари.

Многу скоро, како што најави, ќе биде предложен законот за да нема економски директори на клиниките.

„Многу скоро ќе предложам нов закон за здравствена заштита во којшто нема да има економски директори во сите установи. Кај што има, ако не се лажам повеќе од 100 вработени, така е законот, ќе предвидиме да има само професионален еден директор на клиника или болница или јавна здравствена установа“, рече Таравари.

Се надева дека што побргу ќе бидат синхронизирани и систематизациите и ќе се донесе нова одлука за спојување на цел Клинички центар во иста установа.

„Истото важи и за здравствените домови и за болниците. Зборувам за помалите градови каде што има општа болница и здравствен дом, ќе бидат споени во едно што ќе се вика општа болница. Нема да има двајца, тројца, четворица директори, туку само еден, како што беше порано“, рече Таравари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секаде каде што мора, ќе го почитуваме уставното име, но никој не може да ви забрани да ја нарекувате државата како што сте учеле – Димитриевски во „Топ тема“ цел живот

Дејан Дејан

Ме разреши без да се сретнеме на брифинг, попушти пред партиски притисоци наместо да работи по законска оправданост и мерит систем како што говореше, сментиот директор на Разузнавање за потегот на Силјановска

Дејан Дејан

Димитриевски во „Топ тема“: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе потпишеме договор за владина програма и врз база на тоа ќе делуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе