Вести Македонија Топ вести

Бугарското МНР ги отфрла идеите за менување на Преговарачката рамка

Бугарија ги отфрла идеите за менување на Преговарачката рамка. Бугарското Министерство за надворешни работи потсетува дека 27 земји членки на ЕУ консензуално и самата Северна Македонија во 2022-та ги опишаа чекорите за вистински напредок во евроинтегративниот процес. „Покренувањето идеи за повторно преговарање на веќе преземените меѓународни обврски само ќе доведе до дополнително оддалечување на почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Потсетуваме дека како резултат на непотребните провокации и конфронтации со соседните земји, Северна Македонија веќе изгуби премногу време во процесот на отварање на пристапните преговори“, се наведува во соопштението од бугарското министерство. Принципот на едногласност во процесот на проширување е вграден во Договорот. За Софија, „неприфатлива е искажаната намера на новата Влада да го отфрли легитимното барање на дел од сопствените граѓани за вметнување во Уставот“.

Ова соопштение од официјална Софија претставува реакција на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „доколку има политичка волја, можно е решение со Бугарија и промена на преговарачката рамка со ЕУ“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе