Вести Македонија Топ вести

Боцевски во „Топ тема“: Принципот „100 дена“ е од времето кога веста за избор на влада патувала со коњ

Не можам да кажам дека се сеќавам на владите на Глигорие Гоговски и на Драгољуб Ставрев, но од она што се сеќавам, од владите на Никола Кљусев, па наваму, не се сеќавам дека една влада имала 100 дена. Тоа е само еден принцип кој што сакаме да кажеме дека постои, меѓутоа немало влада која што навистина имала 100 дена, без критики од јавноста, рече амбасадорот Ивица Боцевски во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Мислам дека во историјата на демократска Македонија, критиките биле тука. Впрочем тоа е улогата и на јавноста и на опозицијата. На конститутивната седница на ова собрание, не џабе беа критикувани пратениците на СДСМ и на ДУИ, Едните избегаа, другите не се јавија за збор. Најчесто, конститутивните седници на македонското Собрание секогаш беа користени од опозицијата за таа да ја зацрта онаа траекторија на својата критика кон власта. Критиката почнувала од конститутивна седница на Собрание. Да не говориме за критиките додека трае изборот на влада. Така што тие 100 дена, во суштина, како принцип никогаш не важеле“, вели Боцевски.

Тој даде и свое гледање на тие 100 дена.

„На времето кога немало интернет, телефон, требало веста дека е избрана влада од главниот град до најоддалечената точка да стигне со коњ. И тој да се врати назад. Сто дена биле потребни и повеќе. И премиерот со право не остава 100 дена простор за критика“, истакна Боцевски и повтори дека „тие 100 дена се само флоскула кои што никогаш во демократската историја на Македонија не биле почитувана“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ме разреши без да се сретнеме на брифинг, попушти пред партиски притисоци наместо да работи по законска оправданост и мерит систем како што говореше, сментиот директор на Разузнавање за потегот на Силјановска

Дејан Дејан

Димитриевски во „Топ тема“: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе потпишеме договор за владина програма и врз база на тоа ќе делуваме

Дејан Дејан

Девојче загина на лице место, нејзината мајка е полесно повредена – гром удри крај плажата Посиди, трагедија на Халкидики

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе