Вести Македонија Топ вести

Огромни материјални штети од вчерашното невреме во Тетово

Синоќешното невреме го уништи сиот труд и вложени средства во работилницата за мебел на семејството Цветковски од село Сиричино. Вода која како река се слеала од Жеден го поплавила објектот во кој имало машини и материјали, во него навлегле и огромни колични град.

Се работи за производствен погон, имаше машини, репроматеријали, ситен алат, груба проценка од 30 до 60 илјади евра комплетно машини и репроматеријали, во таа цена, во таа состојба, што се како нови. Се е упропастено, ништо нема, вели Блаже цветковски

жител на село Сиричино

.

Поплавена покуќнина, сточна храна, угината живина, се штетите во соседната куќа на семејството Антовски.

Во просториите во куќата имав околу 50 сантиметри кал и вода и позади што имав кокошки, не можеле да се снајдат и сите поцркале. Имам штета 100 кила пченка, пченица имам, трици што сум носел на кокошките ВЕЛИ Ѓорѓи Антовски Ѓорѓи Антовски

жител на село Сиричино

.

Сопружниците Трпчевски едвај спасиле жива глава откако им паднал таванот во објектот каде прeстојувале.

Падна на вратот кај мене, а сопругата до мене беше. Ги викнав комшиите да ни помогнат со нив заедно се спасивме  ВЕЛИ Аце Трпчевски

жител на село Сиричино

.

Градоначалникот на општина Јегуновце вели дека формирана е Комисија која ќе ги регистрира штетите, по што очекува и помош од Владата, затоа што има големи штети.

Најголеми оштетувања или штети има Сиричино, каде што повеќе од 70-80 домаќинства се опфатени со големи штети во нивните домови додека земјоделските посеви се 100 отсто уништени во населени места Сиричино, Туденце, Копанце, дел од Шемшово и Раотинце ВЕЛИ 

Димитар Костадиноски, градоначалник на општина Јегуновце

.

Штети од невремето има и на нивите во тетовското село Фалише. Земјоделците бараат помош од државата затоа што сиот род им е уништен.

Бараме од државата да ни помогне. Имамо сеено, патлиџан, купус, компир, пченица, пченка. Гледамо уништено е се ВЕЛИ Орхан Фејзулахи

земјоделец

 .

 

И во Тетово граѓаните ги санираат штетите по силното невреме. Поплавени објекти, гаражи, подруми. Велат се уште не се обештетени од претходната ваква непогода.

„Ова за жал, се повторува сликата каде скоро секоја година никако да го решат проблемот. Овде завршува атмосферската канализација. И кога ќе се наполни се враќа. Само сега се штетите огромни“ВЕЛИ Нешко Милошевски жител на Тетово .

Екипите на Територијалната протипожарна единица Тетово интервенирале и во спасување на луѓе од заглавени возила и поплавени куќи.

Данијела Билбиловска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе