Вести Македонија Топ вести

Николовски: Можно е воведување на градски воз во Скопје

Новиот министер за транспорт и врски Александар Николоски смета дека од следната сезона е возможно во Скопје да се воведе градски воз, односно да се искористи постојната железничка инфраструктура за градски превоз со возовите што беа набавени од Кина пред крајот на мандатот на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

„Можеме да размислуваме за воведување на таканаречен градски воз во рамки на градот Скопје. Постојната железничка инфраструктура во градот Скопје е релативно добра и ќе овозможи да се искористи и граѓаните за точно определено време да може да стигнуваат на пример од Драчево до Скопје. Тоа може да почне уште од следната сезона и може да се направи цел железнички прстен околу Скопје, особено со населбите од кои луѓето имаат сега сериозен проблем да дојдат до центарот на градот. На тој начин ќе можат брзо да дојдат до центарот и за тоа ќе можат да се искористат возовите кои се купија на крајот на мандатот на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Николоски во интервју за ТВ Сител.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска бара во недела да нема избори за претседател на СДСМ

Дејан Дејан

ДЗР ги објави ревизорските извештаи за Министерство за транспорт и врски

Дејан Дејан

Нови пријави за штети по вчерашното невреме, телефонот на ЦУК со рекордни 2.778 повици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе