Вести Македонија Топ вести

Утре во 10 часот примопредавање на премиерската функција во Влада

Примопредавањето на премиерската функција на новиот мандатар Христијан Мицкоски е најавено за утре во 10 часот. Настанот ќе се одвива во Владата на Република Северна Македонија помеѓу досегашниот претседател, Талат Џафери, и новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски.

По пристигањето, актуелниот и новоизбраниот премиер ќе имаат кратка средба.

Со 77 гласа „ЗА“ и 22 „Против“ Собранието го изгласа новиот владин состав на чело со лидерот на ВМРО – ДПМНЕ и иден премиер Христијан Мицкоски.

По изгласувањето од страна на пратениците Мицкоски и министрите дадоа свечена изјава со што и официјално беше донесен новиот владин состав.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе