Вести Македонија Топ вести

Падна дел од железничкиот мост на излезот од Скопје, создадена е огромна колона од возила

Попладнето Скопје е зафатено од пороен дожд проследен со силен ветер, а наместа е забележана и појава на град. За кратко време улиците во некои делови од градот и повиршините околу станбените објекти беа прекриени од воден талог.

Сообраќајот на одредени сообраќајници во главниот град се одвива отежнато, а големи колони од возила се создадоа  на влезот, во близина на скопската населба Автокоманда.

Според информациите причина за сообраќајниот метеж била падната ограда на делницата.

Од населбата Ченто пак пристигнаа и пријави за причинета материјална штета. Жителите јавија за оштетени автомобили погодени од град.

Силниот дожд го прекина континуитетот на топлотниот бран од кој беше зафатена земјава. Температурата за краток временски интервал падна за 10 степени од над 30 на околу 20 степени Целзиусови.

Невремето беше проследено и со силни електрични празнења, а од ЦУК информираа и дека силниот ветер бил причина и за уривање на неколку дрвја.

Од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на ЦУК стигнаа околу 70 пријави од 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесени на надлежни институции, информира ЦУК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Во Албанија до 17 часот гласале 38,75 отсто од гласачите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе