Силното невреме проследено со пороен дожд предизвика свлечиште на автопатската делница Тетово – Скопје.
Возилата се движат споро поради наталожената земја која е распослана на една коловозна лента.
Во Тетово противпожарната служба поради невремето кое предизвика и попавување на над 100 станбени објекти и гаражи побара исклучување на електричната енергија.
Граѓаните пријавуваат материјални штети, а екипите за спасува на терен интервенирале и во неколку случаи каде биле извлекувани лица од поплавени возила.
– Поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар на места има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин. Кај наплатна станица Желино поради големи количини на вода на самата рампа сообраќајот се одвива споро што доведува до создавање колони. Апелираме до учесниците во сообраќајот крајно внимателно да управуваат со возилата како и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот. Екипите на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта се на терен и работат на расчистување на критичните места и нормализација на сообраќајот, велат од ЦУК.