Вести Свет

Бројот на Египќани кои починаа за време на аџилакот во Саудиска Арабија се искачи на 672

Бројот на Египќани кои го загубија животот поради топлотен удар за време на аџилакот во Саудиска Арабија се зголеми на 672, додека 25 се водат за исчезнати, изјавија денеска извори од египетските безбедносни и здравствени служби.

Неименуван египетски владин функционер претходно изјави дека најмалку 630 Египќани загинале за време на аџилакот, а повеќето од смртните случаи биле пријавени на службите за итни случаи во населбата Ал-Муаисем во Мека.

Египетската кризна единица задолжена за истрага на случаите на починати аџии за време на овогодинешниот аџилак во Мека во саботата објави дека им ги одзел лиценците на 16 туристички агенции и против нив поднеле тужби до јавниот обвинител, обвинувајќи ги дека се одговорни за смртта на аџиите кои не биле официјално регистрирани.

Единицата задолжена за истрагата е формирана во четвртокот и ја предводи египетскиот премиер Мустафа Мадбули.

Од единицата соопштија дека е потврдено дека 31 официјално регистриран египетски аџии починале поради хронични заболувања.

Над 1.000 луѓе загинаа за време на овогодинешниот аџилак во Саудиска Арабија поради екстремно високите температури, соопштија денеска саудиските власти.

Саудиските власти ја зајакнаа контролата на нерегистрираните аџии, протерувајќи десетици илјади луѓе.

Сепак, многу од нив, главно Египќани, успеале да стигнат до светите места во и околу Мека, некои дури и пеш.

За разлика од аџиите кои патуваат со соодветни дозволи, илегалните аџии немаа резервирано хотели за да се заштитат од високите температури.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пеев во „Топ тема“: Филерите се медицински помагала, мали дози на ботулинов токсин може да доведе до парализа на одредена мускулна група

Дејан Дејан

Косовското Обвинителство започнува истрага заради техничките проблеми на сајтот на ЦИК

Дејан Дејан

Научници: Студените зими стануваат поретки поради глобалното затоплување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе