Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето обраќање пред пратениците на почетокот од денешната седница за изгласување на новата Влада предводена од мандатарот Христијан Мицкоски, рече дека во заедничката програма на новата владеачка коалиција нема нови проекти, туку довршување на веќе започнати.
-И многу прашања кои сте ги ставиле како големи идни достигнувањња, се нешто што постои и функционира во државата. Напишана е колку да се каже дека ќе правите нешто… На пример, сте напишале дека ќе воспоставите видео-надзор на граничните премини, а тој систем постои 30 години и тоа не еден, туку два – на Царинска управа и на МВР – рече Спасовски.
Координаторото на пратеничката група на СДСМ, тврди дека во документот нема рокови до кога ќе се реализираат проектите, ниту пак, финансиска конструкција за тоа колку пари ќе се потрошат и како ќе се обезбедат.
Имногу прашања кои сте ги ставиле како големи идни достигнувањња, се нешто што постојат и функционираат во државата. Напишана е колку да се каже дека ќе правите нешто, истакна Спасовски.
За предлог министрите и вицепремиер додаде дека „кадрите се продолжение на владеењето од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Забележа дека покрај најавите за еднаквост и рамноправност во новата влада ќе има само три министерки. За едната рече дека ја знае и дека таа според него преди за неколкумина мажи, но останува впечатокот дека новата власт не дала доволно простор, ниту високи позиции на политичарките.