Вести Македонија Топ вести

Опожарени три куќи во близина на местото „Момин бунар“ во Струмица

Три куќи гореа претпладнево во пожар што изби над каналот Крушевска Република во близина на местото „Момин бунар“ во Струмица. Огнот почнал во една од куќите кои се сместени на подножјето од ридот, но, бргу се префрлил и на двете соседни со кои е споена. Станарите едвај имале време да реагираат, а постар брачен пар од куќата во која тргнал огнот е хоспитализиран поради вдишување чад.

Локацијата на пожарот засега е обезбедена од дежурна екипа на противпожарната единица, бидејќи  поради близината на шумата постои можноста при повторно разгорување  да се зафати тревна вегетација или дрвја.

Во гасењето учествувале шест противпожарни возила и дваесетина пожарникари. Засега не е познато како почнал пожарот, причините  дополнително ќе се истражуваат.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе