Останато Спорт

Европското првенство во Рим собори неколку рекорди

Европската атлетска федерација објави дека континенталното првенство што неодамна заврши во Рим собори неколку рекорди.

Во првичните резултати од анализата се потенцира дека за шесте дена во италијанската престолнина продуцирани се рекордни 1200 часа програма што се емитувала на 35 програми во Европа.

Во Германија на последниот ден од првенството регистрирани се 6,6 милиони гледачи што е за десет проценти повеќе во однос на шампионатот од пред четири години во Минхен.

Во Италија, националниот сервис ден претходно во еден момент го следеле пет милиони луѓе, а пикот е во терминот кога миленикот на домашната публика Џанмарко Тамбери го освои златото во скок во височина.

Раст на гледаноста од 50 проценти се бележи и кај скандинавските земји, особено во Шведска и тоа на последниот ден кога Арман Дуплантис триумфираше во скок со стап.

Што се однесува до социјалните медиуми регистрирани се 65 милиони следбеници на сите платформи, а веб страницата на првенството во просек имала по 77.000 посети на ден.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Познати осминафиналните двојки на Евро 2024

Дејан Дејан

Грузија триумфираше над Португалија и се пласира во осминафиналето

Дејан Дејан

Фрапар ќе и суди на Струга ТЛ во Братислава

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе