Вести Македонија Најважни

Мицкоски ќе бара одговорност од сите, Стоиљковиќ ќе го реорганизира „министерството на Артан Груби“

Напорна работа од првата минута на власт, но и одговорност од сите кои ќе застранат, вклучително и од коалиционите партнери, најави идниот премиер од прославата на 34-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ. На министрите им порача дека, „не може да имаат приватни бизниси и да водат институции, од едното мора да се откажат“. Побара да се однесуваат одговорно, да не станат недостапни за обичниот човек, затоа што нивниот неуспех ќе биде заеднички срам. На СДСМ им „подаде рака за национално единство“, но и на нив им порача дека нема да се спасат од одговорност за криминалот.

Меѓу гостите на прославата беше присутен и коалициониот партнер во новата влада, Максим Димитриевски од ЗНАМ. Тука беа и идните вицепремиери, меѓу кои и Иван Стоиљковиќ, кој веднаш по номинацијата беше обвинет од ДУИ дека е проруски настроен. Тој најави сериозна реорганизација во, како што го нарече, „министерството на Артан Груби“.

Предлог-министерката за образование, Весна Јаневска, пак, ветува учебници за секое дете, можна промена на одлуката за пролетен распуст и продолжување на училишната година, но и ревизија на образовната концепција.

Предлог-владиниот состав утре ќе влезе во собраниска процедура, а ќе се гласа викендов на седница која ќе почне во сабота претпладне и треба да заврши најдоцна во недела на полноќ.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Немаше претставници на клиничката болница – повторното судење за пожарот во тетовската модуларна болница е одложено за 25 септември

Дејан Дејан

За обичниот свет е херој, за државите е криминалец – Асанж, по 14 години, повторно е слободен човек и се врати во Австралија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ сè уште го нема соодветно евидентирано седиштето на партијата, СДСМ нема имотни листови за објектите во некои градови, членарината проблем кај ДУИ – извештај на ДЗР за политичките партии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе