Еден од најдобрите атлетичари на денешницата Арманд Дуплантис ја продолжи доминацијата во скок со стап.
Тој на Олимпискиот стадион во Рим го одбрани златото од пред две години и по трет пат во кариерата се закити со најсјајното одличје на континенталните шампионати.
За Дуплантис ова е јубилеен десетти златен трофеј на големите натпреварувања, а до него стигна со прескокнати 6 метри и 10 сантиметри што е нов рекорд на првенствата.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.