Вести Македонија Топ вести

Змија касна турист, охридската болница немаше серум, па го испрати во Дебар

Странски турист во Охрид бил каснат од змија и итно пренесен во болницата во Дебар, затоа што Охридската болница останала  без серум. За навреме да го прими противотровот, во првите часа по каснувањето, и да се спаси живото на туристот од Холандија,  тој  бил транспортиран со санитетско возило.

-Со возило од брза помош сестра и лекар го донесоа пациентот, го прими серумот и се врати назад во општа добра состојба. Го набавивме серумот малку порано, секоја година имаме по 7-8 пациенти каснати од змии, вели Јетлум Пашоли, директор на Општа Болница Дебар.  

Од Болницата во Охрид велат  дека останале без серум само еден ден откако го потрошиле на пациенти каснати од змија. Се правдаат дека процедурите за испорака не се во нивна надлежност, па вчера им се  доставени нови количини.

-Во последниот  месец сме дале три серуми, од кој последниот пред два дена. Веднаш се направи  договор со околните болници кои имаат серум, во случај на итност да згрижат пациенти. Од тие причини пациентот од Холандија беше упатен до најблиската болница и навремено згрижен. Соопштија од Општата болница во Охрид.

Од Министерството за здравство велат дека секоја јавна здравствена установа преку јавна набавка и од сопствен буџет ги обезбедува  серумите. Но, дополнително, Министерството за здравство набавува минимум потребни резервни количини на серум против змиски отров, па во текот на денешниот ден е извршена испорака во сите здравствени установи во државата, информираат од Здравство.

Центарот за управување со кризи вчера предупреди за  зголемено присуство на змии, а ако  граѓаните бидат каснати  веднаш да побараат помош, затоа што е многу важно, доколку змијата е отровна за што пократко време да се добие медицинска терапија.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Седум до 10 години е прифатлив рок за Македонија да издвојува пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

Крстиновска: Србија и БиХ вешто го искористија наследството од Југославија и произвeдуваат поголем капацитет на оружје

Дејан Дејан

Вучиќ најави предвремени избори по завршувањето на подготовките за Експото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе