Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски по настапот на Европското првенство во Рим, сега целосно се фокусира на подготовка за Олимписките игри во Париз.
Ивановски во Рим се натпреваруваше во дисциплината полумаратон и успеа да постави нов македонски рекорд од 1 час, 4 минути и една секунда. Тој заврши на 29-тото место во конкуренција на повеќе од 60 натпреварувачи. На социјалните мрежи, нашиот атлетичар објави дека и покрај напорната сезона и истрчаните четири маратони во пет месеци, тој се опоравува добро и дека е гладен за нови успеси.
За десет дена Ивановски ќе замине на тренинг камп, каде ќе се подготвува за Олимписките игри во Париз. Тој таму ќе остане до почетокот на Игрите, каде исто така се надева на голем резултат.
За потсетување, Ивановски на маратонот во Севилја овој февруари истрча македонски рекорд од 2 часа, осум минути и 26 секунди, што му овозможи и настап на Олимписките игри.
Фото: Игор Паневски