Македонскиот репрезентативец Андреас Трајковски го освои 22. место во квалификациите во скок во далечина на Европското првенство што се одржува во Рим.
Тој во третата серија имаше скок од 7 метри и 73 сантиметри што беше доволно за десеттата позиција во групата.
Во првата Трајковски прескокна 7 метри и 58 сантиметри, а во втората имаше скок од 7 метри и 53 сантиметри.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.