Вести Македонија Топ вести

Таравари: Сигурен сум дека новата влада ќе ги започне, а можно е и да ги заврши преговорите за членство во ЕУ

Арбен Таравари, еден од лидерите на коалицијата „Вреди“ која води преговори со ВМРО-ДПМНЕ за состав на идната влада, очекува конечниот договор да падне за неколку дена.

Вели дека се радува што по 22 години на земјава и се случила комплетна промена на власта. Таравари е сигурен дека овој владин состав ќе ги започне преговорите со Европската Унија, и рече дека него став е откако ќе започната преговорите со Европската Унија да се отвори дебата за нов Устав.

ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ сè уште разговараат за формирање на новата влада, иако поделбата на ресори веќе е објавена, а неофицијално се споменуваат и имиња на новите министри.

Во распределбата на министерските позиции, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, како победничка на парламентарните избори, добива најмногу – 13 ресори.

На нејзино конто одат клучните места поврзани со безбедноста и надворешната политика.

Според партиски најави, новата влада треба да биде избрана и да стапи на должност до 20 јуни

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе