Македонија Најважни

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит во обвинителството, по околу 20 дена од неговата екстрадиција во земјава. Првоосомничениот за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски ќе се соочи со доказите на обвинителството за случајот.  Претходно се вештачеа предметите кои тој ги донесе со себе по спроведувањето од Турција, а меѓу кои имало и документи.

Палевски беше екстрадиран на 15 мај и од аеродромот заврши зад решетки Шуто Оризари, бидејќи му беше определен притвор во отсуство. За прв пат со јавноста се соочи по неколку дена кога во Кривичниот суд се произнесе за околностите за неговиот притвор. Тој изјави дека е невин, дека не бил во бегство и дека нема да се брани со молчење. Но, не одговори на прашањето, каде бил на денот на убиството на Вања.

Истрагата за Палевски може да трае максимум 6 месеци, по што би требало да се поднесе и обвинителен акт.

Се очекува оваа постапка потоа да се спои со судењето против другите обвинети, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски. Тие се обвинети дека биле соизвршители во грабнувањето и убиствата. Целта, според обвинението, им била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп. Обвинет е и нејзиниот татко, Александар Ѓорчевски, кој се товари дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка. Тој тврди дека е невин, а неговата одбрана дека нема докази за делото за кое се товари.

Како организатор на грабнувањата и извршител на убиствата, обвинетите при нивното приведување го посочија Палевски. Во меѓувреме се чека да помине рокот од 8 дена за приговор на обвинението за потоа Кривичниот суд да го одобри истото и во рок од 30 дена и да се закаже рочиште за случајот.

За Стефан Димковски, кој е осомничен дека му помогнал на Палевски да избега во Турција,  истрагата продолжува. За него продолжуваат и мерките на претпазливост.

Вања беше грабната на 27 ноември минатата година и убиена по неколку часа, а Панче исчезнал пет дена претходно. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Седум загинати, 69 повредени – урнати два моста во руски региони кои се граничат со Украина

Дејан Дејан

Гуми, покуќнина, санитарија, пластика – куп отпад изваден од дното на Охридското Езеро

Дејан Дејан

Тешко повреден малолетен пешак – сообраќајна несреќа во Кавадарци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе