Вести Македонија

Отворање на прв приватен ветро-парк „Ветровец“

Денеска свечено е отворен првиот приватен ветро-парк „Богословец“.Проектот е вреден 61 милион евра, развиен од THOR Impex, овој ветрен парк  може да се пофали со капацитет од 36 MW, способен да напојува со електрична енергија над 20.000 домаќинства годишно.

Она што е важно е властите и приватните компании заедно да работат и конструктивно да покажат дека секторот на обновливи извори на енергија максимално го искористува овој потенцијал. Токму овој проект демонстрира како тоа може да биде сторено, здружувајќи локални и компании од ЕУ и банки. Бенефитите ќе бидат долгорочни како за животната околина, така и за граѓаните. Овој проект ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 80 илјади тони годишно и ќе обезбеди чиста енергија за 20.000 домаќинства“, изјави  Дејвид Гир амбасадор на ЕУ во РСМ.

Ветерниците се гледаат од автопатот „Гоце Делчев“ или експресниот пат Штип-Велес, ги има осум на број. Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир се надева дека оваа прва ваква приватна инвестиција во ветро парк ќе биде вовед во уште многу инвестиции во чиста енергија и во одржлив економски развој. Забележа дека нашата земја има можности и изболува со искористување на енергијата од ветер, сонце и вода.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Обвинителството да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ

Дејан Дејан

Три лица загинаа, над 50 се повредени – пожар во болница во Хамбург

Дејан Дејан

Седум загинати, 69 повредени – урнати два моста во руски региони кои се граничат со Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе