Вести Македонија Топ вести

Од 300 до 500 евра тежи казната за двете функции на Талат Џафери и Илир Демири- ДКСК со став дека Собранието треба да ги разреши

Ќе има казни за Талат Џафери и Илир Демири доколку денеска не се откажат од една од двете функции, најавува Антикорупциска комисија, а во спротивно чека Собранието да ги разреши од пратеници.  

Додека од сите министерства чии министри станаа пратеници беа испратени соопштенија дека функциите ги преземаат замениците, од кабинетите на премиерот и министерот за здравство, нема никаков абер дека Талат Џафери и Илир Демири се повлекуваат.

Во влада, а истовремено и пратеници останаа двајцата од Европскиот фронт за кои уште во саботата Антикорупциската комисија им порача дека треба да ги почитуваат законите и да се откажат од една функција.

И денеска двајцата барале документи со нивен потпис во министерството што јасно укажува дека се уште во забранета позиција на неспојливост на државни функции, дознава Телма.

Од ДКСК велат дека ќе добијат и казна ако не се откажат од една функција.

-Во случјаот де факто постои неспојливост односно една институција или едно лице извршува двојство на функции. Во тој случај, ДКСК има законска обврска да покрене прекршочна постпка согласно член 105 каде е уредено дека се изрекува глоба од 300 до 500 евра во денарска противвредност на избраното и именуваното лице каде што имаме утврдено неспојливост на функција, изјави Татјана Димитровска, претседател на ДКСК.

Крајниот рок е завршување на денешниот ден, рече Димитровска која ги потсетува пратениците дека треба да ги почитуваат законите, а не да работат спротивно на нив.

Второто решение е и во рацете на Собранието кое мора да ги почитува законите, тврди претседателката на ДКСК.

-Собранието е тоа кое ја избира владата и има контролна функција. Треба да ги примени законските одредби, да констатира неспоива функција на пратеник со било која друга фунокија од извршната власта. И на сите пратеници да им укаже на неспоивост и во случај на непостапување од страна на пратениците Собранието треба да постапи согласно член 6 од Законот за Собрание и по член 8 од Законот на пратеници каде е уредено дека на пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран ако  настапи случај на неспоивост со функцијата пратеник, ни изјави телефонски Димитровска.

Токму првиот човек на Собранието денеска ги собра на координација претставниците на пратеничките групи, но не за она што го бара ДКСК туку за да испреговара брзо менување на законот за влада со нова структура на министерства. Претседателот на Собранието, Африм Гаши кој пред да биде избран на функцијата си поднесе оставка на лидерската позиција во партијата, сега не сака да ги чепка колегите од Европскиот фронт, па во Топ тема на Телма во петокот немаше одговор ниту на прашањето кој ќе им даде плата на двајцата функционери со по две функции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

Како оправдување за состојбата, Џафери и Демири рекоа дека ќе ги замрзнат пратеничките функции до нивна смена со новата влада, но такво решение не е предвидено во Уставот и законите.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Северномакедонци се сменети со Македонци – Албанија ја корегира грешката во пописните резултати

Дејан Дејан

Зеленски: Украина изгуби 80 отсто од капацитетот на термоелектраните и една третина од хидроелектраните

Дејан Дејан

Ја променил верата, од Милош станал Салахудин и се преселил во Нови Пазар – познат идентитетот на напаѓачот на полицаец пред амбасадата на Израел во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе